Компаниите сами да одлучуваат дали ќе работат в недела или не – дел од стопанствениците бараат да се најде посоодветно законско решение од актуелното, а акцентот да се стави на инспекциските контроли. Градежната, прехранбената и трговската комора велат со стопирањето на работниот процес, трпат штети.
Предлагаат да се преиспита и начинот на кој е дефиниран износот за додатокот на плата за работата во недела, бидејќи според комората може да се создаде дилема при утврдувањето на износот.
Доколку не се најде соодветно решение, со вака донесениот Закон, од кое се изземени многу суштински дејности, како градежништвото и трговијата, според Стопанската комора можни се зголемувања на производните трошоци, затворање на капацитетите, намалување на конкурентноста и отпуштања.
Доколку им се излезе в пресрет на 18 месецов комората најави повлекување на Иницијативата доставена до Уставен за оценување на уставноста на измените на Законот за работни односи.
Законот предвидува дека недела е ден за одмор за 92 отсто од работниците во земјава. Исклучок има за оние работни места каде не може да се прекине работниот процес односно за околу 8 отсто од работници. Со новото законско решение дозволено е да работат моловите, но вработените ќе добиваат двојна дневница.