Почна со работа новиот производствен погон на „Леар“ и „Нормак“ во ТИРЗ Тетово

- Advertisement -

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја врачи употребната доозвола за новиот производствен погон на американската компанија Леар и Нормак инвестмент груп во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово.

Како што информираше министерот Бектеши, инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра, а производниот погон е изграден на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови од 1.000 до 1.500 работни места.

- Advertisement -

„Се реализира уште една значајна инвестиција во Северна Македонија. Девет месеци откако бевме тука на поставувањето на камен темелникот за заедничката инвестиција на вториот циклус на Нормак инвестмент груп и американската компанија Леар, денеска имам чест на менаџментот на компанијата да ја предадам употребната дозвола за новиот производствен погон. Ваквите големи инвестиции се поддржани од државата и инвеститорите имаат поволности и низа олеснувања во повеќе фази на процесот на инвестирањето“ кажа министерот Бектеши.

Според него ваквите инвестиции даваат голем придонес за локалниот економски развој пред се во делот на вработувања , развој на човечкиот капитал, а влијаат позотивно на извозот од овој регион пред се бидејќи се креираат производи со поголема додадена вредност.

- Advertisement -

“Доказ за тоа се и позитивните резултати од работењето, посебно во време на криза предизвикана од пандемијата, Леар успеа да го зголеми извозот за 10% во 2021 година, по растот на извозот од 15% во 2020 година“ кажа Бектеши.

Александар Зарков, генерален директор на Нормак Инвестмент Гроуп се заблагодари на Министерството за економија на поддршката која ја даваат на Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и на Нормак инвестмент груп.

- Advertisement -

„Како резултат на успешната приказна која ја градиме со Леар, и останатите инвеститори во ТИРЗ Тетово минатата година споредено со 2020 година бележиме раст на извозот од 16%, а споредено со 2019 година растот на извозот од оваа зона е 25%“ кажа Зарков.

Вања Стојановски, генерален директор на Леар се заблагодари на вработените во Леар и не поддршката на Владата за екседитивноста за реализација на оваа инвестиција што ќе значи раст на компанијата и зголемен извоз на странските пазари.

Американската компанија ,,Леар Корпорејшн “ е водечки глобален застапник за навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи.

Вкупната инвестиција на компанијата во ТИРЗ Тетово изнесува 35 милиони евра. Во првиот производствен погон кој се простира на површина од 12.000 м2 и кој почна со работа во 2016 година се инвестирани 20 милиони евра и 2.000 вработувања.

Вториот производствен погон се простира на површина од 8.000 м2, вкупната инвестиција е 15 милиони евра и се предвидени 1000-1500 нови вработувања.

Сподели!
- Advertisement -