Во текот на следната недела, РКЕ ќе објави предлог како да им се помогне на компаниите кои се на слободен пазар, а имаат потешкотии во набавка на електрична енергија – најави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната комисија за економија на која втор ден се разгледува финасискиот извештај за 2022 година
– Со последната одлука со која ги тргнавме повластените производители на обновливи извори да не бидат на товар на домаќинставата во сметките и практично ги ставивме на располагање на слободниот пазарот и ослободивме околу 237 Gw/h кон стопанството со што се направи заштеда oд околу 36 милиони евра. Сега правиме анализи и за дополнителни решенија. Концептот ќе биде претставен во текот на следна недела изјави Бислимоски.
РКЕ претходно иницираше Намалувањето на дд-вто, проширување на листата на ранливи категории за да добијат помош граѓаните кои им е најпотребно за сметките за топлинска и електрична енергија. Пратениците изгласаа намалување на ддв чија важност е до средина на годината но можно е да се продолжи времетраењето на оваа мерка.