Русија ќе ги прифати криптовалутите како валидна валута

- Advertisement -

Во октомври минатата година рускиот претседател Владимир Путин се најде на насловните страници во светот кога најави дека сака да ги прифати криптовалутите како платежно срество за идни трансакции. Изгледа дека Путин си стои на зборот зашто руската влада пред некој ден даде изјава дека постигнале договор со централната банка за регулирање на криптовалутите.

Тие работат на нацрт закон, кој треба да биде готов на 18 февруари, и кој криптовалутите ќе ги прогласи за валидна валута за трансакции.

- Advertisement -

„Владата ја одлучи иднината на криптовалутите во Русија. Прометот со тие дигитални средства ќе биде регулиран од страна на државата со строги обврски за сите учесниците на професионалниот пазар и со ставање акцент на заштитата на правата на обичните инвеститори“ се вели во изјавата на владата.

Моментално криптовалутите во Русија мора да поминат комплетна идентификација низ банкарскиот систем или преку лиценцирани посредници со цел да функционираат легално. Трансакциите со биткоин не се забранети во Русија. Сепак, мора да се вршат преку банка со универзална лиценца.

- Advertisement -

Според новиот закон, трансакциите со криптовалути ќе мора официјално да бидат пријавени во федералната даночна служба со цел да не се третираат како криминално дело. Во минатото руската федерација строго ги следеше илегалните криптовалути и дури централната банка во земјата издаде забрана за рударењето критповалути и тргувањето со нив.

Новиот закон е одобрен од Банката на Русија, Министерството за финансии, Министерството за економски развој, Федералната даночна агенција, Федералната безбедносна агенција, канцеларијата на Државниот обвинител и од страна на агенцијата против перење пари Росфинмониторинг. Новите мерки ќе стапат на сила во втората половина од оваа година или на почетокот на 2023 година.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -