Загадувањето на околината придонесува за поголем број смртни случаи во светот октолку пандемијата на КОВИД-19, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации.
Посебниот известувач за ОН, Дејвид Бојд, во извештајот, кој беше објавен во вторникот, изнесе податоци според кои најмалку 9 милиони луѓе во светот доживеале предвремена смрт како последица на загадувањето или токсините од околината. Тоа е дупло повеќе во споредба со евидентираните смртни случаи во првите 18 месеци од пандемијата на корона вирусот.
Во извештајот пишува дека во светот од болести поврзани со загадувањето на околината умира секој шести жител на нашата планета, што е 15 пати повеќе отколку бројот на смртни случаи од насилство.
Кога станува збор за загадувањето на околината генерално, за предвремена смрт најмногу придонесува загадувањето на воздухот. Во извештајот се проценува дека тоа предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Најмногу смртни случаи поврзани со загадувањето претежно се евидентирани во змјите со ниски и средни примања. Таму повеќе од 90% од смртните случаи се последица на загадувањето.
Во најголема опасност се работнциите кои се директно изложени на штетните материјали. Годишно повеќе од 750.000 од нив умираат поради изложеност на издувни гасови, азбест и загадување на воздухот со ситни честички.
Решавањето на овој проблем може да биде голем предизвик, напишал Бојд, затоа што тој е резултат на комбинација од постоечки и нови закани. На пример, изложеноста на поединци на олово уште се поврзува со околу 1 милиони смртни случаи годишно, а истовремено се јавуваат дополнителни опасности поврзани со перфлуоралкални и полифлуоралкални материи.
Станува збор за големи групи од илјадници синтетички материјали. Сите хемикалии од таа група содржат големи врски на јаглерод и флуор, а тоа е една од најсилните хемиски врски во органската хемија, кои овозможуваат отпорност на разградување при употреба во околината. Најголем дел од хемикалиите од групата лесно се пренесуваат во околината и поминуваат огромни растојанија во однос на изворот на испуштање.
(N1)
(фото: Max pixel)