Калифорнија поставува соларни панели над водените канали – ќе генерираат 13 GW електрична енергија

- Advertisement -


Turlock Irrigation District (TID) во Калифорнија направи значителен чекор кон поставувањето соларни панели над своите отворени водени канали, а првиот таков проект доби 20 милиони долари од државата за да почне со реализација.

TID го најави Project Nexus, кој подразбира тестирање на концептот соларни панели во два сегменти од каналите. Овој проект всушност е реализација на истражувањата кои ги направија научниците од Универзитетот Калифорнија Мерсед и Универзитетот Калифорнија Санта Круз, а според пресметките, калифорниските водени канали би сочувале 286 милиони литри вода секоја година доколку би имале свој „капак“.

- Advertisement -

Научниците велат дека поставувањето на соларните панели би ги претворило каналите во извори на обновлива енергија затоа што може да произведуваат 13 GW електрична енергија. Тоа е околу 1/6 од вкупната енергија која ја произведува Калифорнија.

Соларните панели би можеле да се постават со помош на висечки кабли, а ефектот на ладење кој би го создавала водата под нив би ја одржувал ефикасноста на панелите, која би опаѓала во текот на многу топлите денови.

- Advertisement -

Огромна количина од сочуваната вода, која изнесува околу 286 милијарди литри вода, би се користела за наводнување на земјиштето или како вода за пиење за околу 2 милиони луѓе.

Иако ова изгледа малку во однос на огромното земјиште кое го користат фармите во Калифорнија, ако се има превид сушата во изминатиот период, сепак ви било голем придонес.

- Advertisement -

Се очекува проектот да биде готов до 2024 година, после што ќе биде донесена одлука дали ќе се шири подалеку.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -