Google воведува новитети на својот интернет пребарувач

- Advertisement -

Google почна со тестирање на новиот изглед на интернет пребарувачот за компјутери. Промената не е радикална, но за многумина ќе биде корисна и делумно потсетува на опцијата Discover за мобилни уреди. За корисниците кои се дел од тоа тестирање на пребарувачот на Google сепојави опцијата прикажување виџети, односно посебни картички.

Тие се сместени во долниот дел од екранот и се прилично ненаметливи, па не го нарушуваат целосното искуство на глабната страница на Google. Картичките се базирани на сите податоци кои Google ги собрал за вас, односно на активностите на корисниците, што значи дека треба да прикажуваат за нив битни и корисни податоци. За оние на кои таквите информации не им се потребни, на главната страница на пребарувачот достапна е опцијата за отстранување на виџетите.

- Advertisement -

Првата картичка на екранот носи информации за временската прогноза и температурата, а кога стрелката од глушецот ќе се постави над неа, се прикажува и временска прогноза за наредните 3 дена. На друга картичка има информации за трендовите, односно битните вести за корисниците, трета картичка содржи предлози за филмови и серии, четвртата информации за берзи, петтата локални настани, а на последната картичка има вести за корона вирусот.

Ако кликнете на тие картички, се отвораат нови информации, односно резултати од пребарувањето на тие информации. Оваа опција моментално се тестира на дел од корисниците на пребарувачот, а во зависност од резултатите од тестирањето Google тие виџети во иднина ќе ги овозможи за сите корисници.

- Advertisement -

(9to5Google)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -