После рускиот напад на Украина скокна цената на акциите на компаниите за сајбер безбедност

- Advertisement -

Моментално тешко е да се предвиди како ќе се одвиваат работите со нападите на Русија врз Украина, но едно е сигурно – во наредниот период можеме да очекуваме многу сајбер активности и тоа од сите страни. Токму затоа вчера на берзите значително порасна вредноста на акциите на компаниите за сајбер безбедност.

Додека акциите на најголем дел од другите компании се најдоа во црвено поради општата несигурност, на инвеститорите им е многу јасно дека во наредниот период значително ќе порасне побарувачката за услуги од кибернетичките компании.

- Advertisement -

Акциите на компанијата Telos вчера пораснаа за над 20%, на Palo Alto Networks и CrowdStrike пораснаа за 13%, на Mandiant за 12% итн. Во текот на овој нестабилен период секторот за сајбер безбедност и добро позиционираните компании кои нудат такви услуги треба да бидат во фокусот на технолошките инвеститори, коментира за CNBC аналитичарот на Wedbush Securities, Ден Ајвс. Тој наглссува дека очигледно е дека не чека период на зголеме број сајбер напади и дека компаниите треба да се подготват за тоа.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -