- Advertisement -
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја отвори можноста за производство на еко електрична енергија преку фотоволтаични централи.
Со првенствена цел, заштита на животната средина, но и имплементација на иновативни технологии, како и можност за заштеда на финансиски средства, ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја отвора можноста за производство на еко енергија преку фотоволтаици.
- Advertisement -
За оваа цел беше направен првиот чекор, измена на статутот на претпријатието, со кој се дава можност за вакви активности и инвестиции. Измената беше едногласно усвоена на последната седница на Советот на Град Скопје. Со ваквата одлука се отвора административна можност за инвестиции во полето на производство на еко енергија.
Фото – Pixabay
- Advertisement -