Ова се најбрзо растечките ИТ фирми во Хрватска, според Financial Times

- Advertisement -

Syntio, домашна ИТ фирма која се занимава со инженеринг на податоци во облак се најде на 225-то место на срестижната листа на Financial Times (FT 1000) на најбрзорастечки европски компании. Оваа компанија е на 55-то место во Европа и прва во Хрватска со остварен раст од 673,7% во периодот од 2017 до 2020 година. На ова престижно рангирање се најдоа уште шест хрватски компании – Spegra, Bazzar, S.T.A.R Digital, Delecto, Xylon и Ars Futura.

“Компанијата ја основавме во Загреб пред 5 години и оттогаш отворивме подружници во САД и во Данска и пораснавме на скоро 90 вработени. Фактот дека Financial Times не смести на оваа престижна листа е потврда дека компанијата ја развиваме во вистински правец и дополнителен мотив да инвестираме во развој на нашите производи и вработени“, вели Даворин Цето кој е еден од основачите на компанијата. Нивни клиенти се водечки мултинационални компании од областа на малопродажба, телекомуникации, финансии и фармација. Кокретно, Cyntio e водечки Google Cloud партнер за дата инженеринг на највисоко ниво. Ниви партнери се и Amazon AWS и Microsoft Azure.

- Advertisement -

FT 1000 e годишно рангирање на најбрзо растечките европски компании кои ги објавува Financial Times во соработка со германската статистичка компанија Statista веќе шест години. Ги покажува компаниите кои остварите највисока стапка на раст помеѓу 2017 и 2020 година, а за да се најдаат на оваа листа мора да имааат минимален раст од 36,5%.

Сподели!
- Advertisement -