Oд денеска нови правила за патување во ЕУ

- Advertisement -

Од 1 март, македонските граѓани ќе можат да патуваат во земјите од Европската Унија ако се целосно вакцинирани против ковид-19 или ја прележале болеста. Ова следува откако Европскиот совет препорача да се укине забраната за несуштински патувања за лицата од државите кои не се членки на ЕУ.

Од Европскиот совет нагласуваат дека притоа ќе се признаваат вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или од Светската здравствена организација (СЗО), што не ја вклучува руската „спутник“. Сепак, патниците вакцинирани со вакцина која е одобрена од СЗО, а не и од ЕМА ќе мора да приложат и негативен тест. Ова се однесува на вакцините на кинеските компании „Синофарм“ и „Синовак“, кои засега не се одобрени во ЕУ.

- Advertisement -

Сите патници мора да бидат вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ за да добијат дозвола за влез како вакцинирани лица. Исто така, дозвола за влез ќе добијат и лицата кои го прележале ковид-19 во претходните 180 дена.

Се додава дека за некои од патниците може да се применат дополнителни мерки, како што е ПЦР тест пред патување.

- Advertisement -

Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува и дека на децата на возраст меѓу шест и 18 години кои ги исполнуваат условите за полнолетство треба да им се дозволи да патуваат.

Се наведува дека новите препораки се воведени како одговор на развојот на пандемијата, зголемениот број вакцини и „бустер“ дози и признавањето на зголемен број сертификати од трети земји како еквивалентни на дигиталниот сертификат на ЕУ.

Сподели!
- Advertisement -