СЗО постави нов стандард за безбедно слушање

- Advertisement -

Младите ризикуваат да го загубат слухот од гласна музика на места како што се ноќни клубови и концерти, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) која издаде нов глобален стандард за безбедно слушање.

Речиси 40% од тинејџерите и младите на возраст од 12 до 35 години во земјите со среден и висок приход се изложени на потенцијално штетно ниво на звук во места како што се ноќни клубови, дискотеки и барови, се вели во соопштението на СЗО, додавајќи дека се препорачува максимално просечно ниво на звук од 100 децибели.

- Advertisement -

Ризикот од губење на слухот е засилен бидејќи повеќето аудио уреди, места и настани не обезбедуваат безбедни опции за слушање, вели Бенте Микелсен, директорка на СЗО од одделот за незаразни болести.

Ова, како што истакнуваат од организацијата, може да има катастрофални последици за нивното физичко и ментално здравје, образование и можности за вработување.

- Advertisement -

Од СЗО, исто така, велат дека препорачале следење во живо на нивоата на звук и назначи „тивки зони“ на местата.

Новите препораки се продолжение на упатствата што СЗО ги издаде во 2019 година, во кои е наведено како поединците можат да го ограничат оштетувањето на слухот поради продолжената изложеност на гласна музика на уреди како што се мобилни телефони и аудио плеери.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -