Tesla бележи рекордна продажба на возила поради енергетската криза

- Advertisement -


Tesla во текот на пандемијата на КОВИД-19 забележа рекордна продажба, а војната во Украина и порастот на цените на нафтата изгледа само ќе го продолжат тој тренд.

Цените на горивата во САД и во остатокот од светот постојано се покачуваа паралелно со напредокот на руската инвазија во Украина, а америкаснкиот претседател објави дека воведува забрана за увоз на руски енергенси во САД.

- Advertisement -

Според најновиот извештај на порталот Teslarati, нарачките за автомобилите на Teslа во САД сега растат, додека цената на барел нафта се искачува на над 100 долари.Бидејќи никој не сака да си го испразни паричникот само за да користи автомбили на плин, многу жители на САД сега се вртат кон електричните автомобили.

Се разбира, Tesla останува водечки производител и доставувач на електрични автомобили во САД. Околу 80% од сите електрични автомобили во земјата се производ на Tesla.

- Advertisement -

Сепак, луѓето ќе мора да очекуваат и долги рокови на испорака бидејќи Tesla има големо доцнење со испораката. Но, освен Teslа, се очекува дека и други производители на електрични возила ќе забележат зголемена побарувачка за нивните производи. Тука спаѓаат Volkswagen, Hyundai и сл.

(Tech Times)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -