Intel ќе инвестира околу 90 милијарди евра во Европа

- Advertisement -


Американскито технолошки гигант Intel најави дека во Германија ќе изгради голем комплекс за производство на чипови во рамките на првата фаза од планираните инвестиции во Европа, кои во текот на наредните 10 години треба да достигнат 88 милијарди долари.

Првата фаза предвидува 33 милијарди евра инвестиции, вклучувајќи и 17 милијарди евра за погони во Германија, кои треба да ја задоволат се поголемата побарувачка за чипови за компјутери, автомобили, смартфони и други уреди и долгорочно да ја намалат зависноста на Европа од азиските доставувачи.

- Advertisement -

Во септември минатата година извршниот директор на Intel, Пат Гелсингер, најави 88 милијарди долари инвестиции во Европа, а пред неколку дена Intel ја најави изградбата на две фабрики во германскиот град Магдебург, со што ќе се отворат 7.000 работни места во градежништво, 3.000 постојани работни места за сопствени потреби и уште десетици илјади работни места кај доставувачите и партнерите.

Дополнителни 12 милијарди евра ќе се инвестираат во погони во Ирска, со што вкупната инвестиција на Intel во Ирска ќе надмине 30 милијард евра. Компанијата е во преговори и со Италија за потенцијална инвестиција од 4,5 милијарди евра во инженеркси центар за поддршка на производството на чипови, кој планирано е да се отвори од 2025 до 2027 година. Во Франција, пак, Intel планира да изгради нов европски истражувачки центар, во рамките на кој ќе отвори 1.000 високотехнолошки работни места.

- Advertisement -

Избрани се тие локации откако некои влади на земји-членки на ЕУ понудија големи субвенции за да ги привлечат инвестициите, пренесува Reuters.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -