Со пораката „Истражи ја креативноста“ оваа година беше отворен конкурсот „Trash for Art“. Можеа да се натпреваруваат и возрасни и за деца, а натпреварувачите ја покажаа својата креативност преку изработка на уметничко дело направено од амбалажен отпад.
На конкурсот пристигнале 185 дела, а организаторите за трите најдобро пласирани дела обезбедија парични награди.
Во категоријата „Поединци и други институции“ со првата награда се здоби Александар Момчилов за делото „Був“, второнаграден е Огнен Илоски за делото „Полжав“, а третата награда ја доби Михаела Стојменовиќ за делото „Кит“.
Во категоријата „Основни училишта“, првото место го освои О.У. „Димитар Миладинов“ од Скопје за делото „Паун“, второто место го освои О.У. „Димо Хаџи-Димов“ за наградата „Пирана“, а третото место го освои О.У. „Димче А. Габерот“ од Демир Капија за делото „Кола“.
Во категоријата „Градинка“, првото место го освои градинката „Борис Трајковски“ од Демир Капија за делото „Крава“, второто место го освои градинката „Детска радост“ од Скопје за делото „Дрво со овошје“, а третото место го освои скопската градинка „Светот на Колорес“ за делото „Мајка и дете“.
Специјални награди добија Еми Смиљковска за делото „Петел“ и Јасмина Арсовска за делот „Фламинго“.
Организаторите нагласуваат дека пристигнатите дела покажале дека отпадот не е само „ѓубре“, а во официјалната селекција учествувале композиции изработени од минимум 1о парчиња отпад односно лименки, шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажа од козметика, како и од средства за чистење.