Финска гради депонија за нуклеарен отпад на 400 метри под вода

- Advertisement -

На околу 420 метри под вода Финска гради трајна локација за својот нуклеарен отпад, каде што ќе може да се складира отпадот и да стои во период од 100.000 години. Депонијата ќе биде готова за користење во 2024 година, пишува Science Magazine.

Многу земји во Европа прават напори да не користат нуклеарна енергија. Така, на почетокот на оваа година Германија затвори 3 од 6-те функционални нуклеарни централи во семјата како дел од напорите да користи повеќе обновлива енергија. Белгија, исто така, најави слични планови, но Финска оди во спротивен правец и моментално гради нова нулеарна централа.

- Advertisement -

Финска е релативно мала земја и најголем дел од 5,5 милиони жители живеат во јужниот дел од земјата. Најголем дел од нуклеарните централи се лоцирани во северниот дел, па затоа има и голема густина на населеност на југот.

Во земјата до крајот на годинава ќе профункционира и најголемиот нуклеарен реактор во светот со капацитет од 1,600 MW, а Финска сака на безбеден начин да го складира нуклеарниот отпад кој ќе се создава во иднина.

- Advertisement -

Финска подолго време идентификуваше потенцијални локации за долгорочно складирање на отпадот и во 2000 година избраа остров во Олкилуото на западниот брег. Жителите на блискиот град Еурајоки се соочуваат со нуклеарната енергија во секојдневието и речиси секој во градот има роднина или пријател кој работел на една од двете нуклеарни централи во близина, а се гради и трета.

Оваа скандинавска земја користи рекатори со вриена вода за генерирање енергија, но за складирање на отпадот има потреба од структура која ќе биде целосно запечатена, а таа ќе се гради под една подморска карпа. Особено затоа што во близина има две тектонски точки кои може да се активираат во наредните децении или векови.

- Advertisement -

Се очекува дека депонијаѕа ќе профункционира до 2024 година и ќе остане оперативна до 2120 година, после што ќе биде трајно запечатена.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -