Пред многубројна публика во Штип на општа радост на градот на модата и текстилот, беше презентиран моден перформанс во кој главни модели беа студентки од Технолошко техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“. Беа презентирани 18 иновативни дизајни подготвени исто така од студентките под менторство на нивната професорка Сања Ристески. Покрај модели креирани се и перничиња и вреќи за сеедење кои исто така се дел од изработките на студентките.
Модниот перформанс беше дел од завршната презентација на два проекти. 3 – Р (редуцирај, рециклирај, реупотреби)“ – Бизнис модели за употреба на текстилниот отпад“, имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип. Финансиски поддржан од Фондација Отворено општество Македонија. И „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Штип“. Овој проект е имплементиран од здружение Ино Тех Клуб Штип, Фондација за развој на локалната заедница Штип и Универзитет Гоце Делчев Штип, а финансиски поддржан од ГЕФ ПМГ Македонија.
Фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип беше претесно да ги собере сите луѓе кои дојдоа да проследат дебата за бизнис модели за употреба на текстилниот отпад, видео содржини од успешни приказни и модна ревија.
Во текот на дебатата проф Ристески истакна – Се поставува прашањето дали сакаме да останаеме запаметени како луѓе кои живееле во ерата на отпадот и не направиле ништо за тоа да се промени? Циркуларната економија предлага нешто поодржливо. Не фрлај туку направи нешто креативно, бидејќи немаме планета Б, треба да најдеме начини да ја зачуваме оваа една која ја имаме. И важно е не само да се редизајнира материјалот во нешто ново, туку и да се пренасочи мислењето на потрошувачите, така што тие „да мислат на отпадот како ресурс а брендовите да бидат подготвени да ја преземат одговорноста за нивниот сопствен отпад“. Неизбежен е фактот дека ни е потребен рестарт! Извештајот од Светскиот економски форум од 2021 година ја идентификува модата и нејзиниот синџир на снабдување како трет најголем загадувач на планетата. Едукацијата за отпадот е важна, треба да започне уште во средните стручни училишта каде учениците треба да се запознаат со теоретски знаења за тоа што претставва опадот и за можностите за негова примена во современи модни дизајни. Кога таа едукација би се продолжила и на Универзитетите веруваме дека преку практична работа и зајакнување на врска помеѓу текстилните индистрии и Универзитетот би можеле да се создадат успешни модели за справување со тестилниот отпад. На отпадот треба да се гледа како на ресурс од кој може да се создадат уникатни дизајнерски дела. Модата е уметност која се носи, таа трпи се па дури и бескорисни отпадни материјали кои со мала умешност во дизајнирањето може да преминат во дела со висока естетска димензија!
Директни производи од проектите се веб страниците kupireciklirano.mk и www.recikliraj.mk на едниот сајт може да најдете производи изработени од текстилен отпад, а на другиот може да најдете закони, правилници и модели за управување со отпад.
Извор – Гоце.мк