„Сивус“ организира „Сhallenge Day“, натпревар со можност за стипендии во различни ИТ области

- Advertisement -

И оваа година „Сивус“ – едукативниот и развоен центар го организира годишниот „Сhallenge Day“, каде најдобрите натпреварувачи ќе добијат стипендии за курсеви во различни IT области.

Оттаму информираат дека настанот ќе се одржи на 7 април, четврток, од 15 до 18  часот.

- Advertisement -

СЕДЦ за овој настан обезбеди фонд од 25.000 евра и истиот ќе биде распределен помеѓу најдобрите и најталентирани учесници кои ќе го решат соодветниот предизвик“, велат организаторите.

Стипендиите кои ќе бидат доделени се за разни академии односно за Computer Networks and IT Operations,
Security Specialist, Мануелно и автоматско тестирање, Графички дизајн, Гејм-дизајн, Веб-дизајн, Академија за програмирање – Скопје, Академија за програмирање – Охрид, Data Science, како и за академијата за дигитален маркетинг.

- Advertisement -

„Прашањата се на англиски јазик и истите се избрани согласно насоката, дел поспецифични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од СЕДЦ Академиите“, соопштуваат од Сивус.

Сите заинтересирани за учество на „Сhallenge Day“ треба да ја пополнат регистрацијата за учество.

Сподели!
- Advertisement -