Кучињата-роботи на Hyundai ќе им помагаат на пожарникарите во Њујорк

- Advertisement -

Hyundai вредно ја развива својата технологија и стратегија за електрични автомобили, со која сака да стане конкурент на компаниите од рангот на Teslа, а еден од нивните адути е автомобилот Ioniq 5. Сепак, во меѓувреме јужнокорејската компанија развива и летачки такси, како и флота од роботи-кучиња кои можат да им помагаат на луѓето во производните процеси во фабриката на KIA во Јужна Кореја.

Сега Hyundai оди чекор понапред и ги испрача своите кучиња-роботи да им помагаат на пожарникарите во САД, поконкретно во Њујорк. Роботите, кои ги развива компанијата Boston Dynamics, ќе им се приклучат на пожарникарите ширум САД во борбата против пожари и при спасувањето човечки животи.

- Advertisement -

Hyundai развива роботика од 2018 година, а минатата година ја купи компанијата Bоston Dynamics, која има направено некои од најнапредните и најспособните роботи во светот. Меѓу нив е хуманоидниот робот Atlas, кој може да иведува акробации како човек.

New York Times напиша дека Hyundai и Boston Dynamics потпишале договор со нујоршките пожарникари за набавка на два напредни роботи-кучиња, кои чинат по 75.000 долари. Тие роботи имаат термални камери кои покриваат 360 степени, можат да отвораат и да затвораат врата, но и да совладуваат тешки терени.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -