Samsung го претстави мониторот Smart Monitor M8. Станува збор за 32-инчен УХД екран со дебелина од само 11,4 mm. Во него се вградени два звучници од 5W кои овозможуваат 2,2-канален звук. Размерот на екранот изнесува 16:9, фреквенцијата е 60 Hz, а светлината е 400 NiTi. Со него добивате и HDR 10+, одзив од 4 ms, 3000:1 конраст и sRGB распон на боите од 99%.
За поврзување на располагање имате еден микро HDMI влез и 2 USB-C влеза и поддршка за Wi-Fi 5, AirPlay 2 и Bluetooth 4.2. Мониторот работи на оперативниот систем Tizen, а во него се вградени гласовни команди за дигиталните асистенти Bixby и Alexa. Bixby е постојано активиран и благодарение на вградениот Far Field Voice микрофон постојано ве слуша.
M8 доаѓа со магнетна камера SlimFit Cam, која се спојува на горниот раб. Камерата има следење на лицето и авто зум функција, а во мониторот се вграднеи и апликации за видеоповици кои поддржуваат апликации како Google Duo, Teams и др.
Samsung Smart Monitor M8 доаѓа со Smart Hub кој овоможува Smart TV опции за да можете да емитувате видеосодржини со користење на бројни сервиси кои вклучуваат Apple TV, Disney+, Netflix, Viu и YouTube.
Со оглед на малата фреквенција на освежување и искиот одѕив, јасно е дека ова не е монитор за гејминг, па Samsung во него не вградил Gaming Hub. Но, затоа тука е можноста мониторот да го претворите во SmartThings Hub, кој може да ви користи за управување со бројни паметни уреди на Samsung во домот кои за него ќе може да се поврзат и потоа со нив можете да управувате дури и со глас.
(Vidi.hr)
(фото: Samsung)