Литванија соопшти дека целосно го прекинала увозот на гас од Русија и дека е прва од 27 земји-членки на ЕУ која се ослободи од енергетската зависност од Москва.
Тоа значи дека повеќе нема да увезува руски гас за да ги задоволи домашните потреби и така станува и првата земја во Европа која обезбеди независност од Русија, соопшти литванското Министерство за енергетика.
Сиот природен гас за домашна потрошувачка Литванија ќе го увезува преку терминали за увоз на течен природен гас во пристаништето Клаипедо, пренесува Reuters.
„Од овој месец натаму нема повеќе руски гас во Украина. Ги прекинуваме енергетските врски со агресорот. Ако ние можеме да го направиме тоа, може и остатокот од Европа“ напиша литванскиот претседател Гитанас Науседа на Twitter.
Оваа мерка стапи на сила на почетокот на април.
„Литванија вчера го намали увозот на рускиот гас на нула, што е чекор кој се смета за пресвртница во постигнувањето енергетска независност на оваа бивша советска република со 2,8 милиони жители“ соопшти Министерството.
(Bizlife)
(фото: Pxhere)