Бреинстер Некст колеџ инвестира 2.5 милиони евра за овозможување пристап до квалитетно високо образование

- Advertisement -

Акредитираната високообразовна институција Бреинстер Некст колеџ – воедно и прв применет ИТ колеџ во нашата држава, прави инвестиција од 2,5 милиони евра за наредните 5 години со цел да овозможи пристапно и квалитетно високо образование во информатичките науки за идните студенти.

Станува збор за проектот Студирај сега, плаќај по вработување! какоуникатен модел на финансирање чијашто примарна цел е најспособните студенти, без разлика на нивните финансиски можности, да добијат прилика за врвно апликативно образование кое ќе води кон сигурно вработување и кариера од иднината.

- Advertisement -

Главниот мотив зад оваа инвестиција на Бреинстер Некст колеџот и отпочнувањето на овој проект е да помогне во оттргнување на примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – а тоа се финансиите. Овој фактор при изборот на институцијата и областа на студирање е оној кој најчесто ги одвлекува студентите од посегнување по квалитетните и напредните програми. Преку проектот Студирај сега, плаќај по вработување!, Бреинстер Некст колеџот ја дава можноста и сигурноста овој фактор повеќе да не претставува проблем.

Со тоа, овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас,им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации на Бреинстер Некст колеџ и да ги поминат 3 годишните студии без финансиско оптоварување и со 0 денари дополнителни трошоци сé додека не дипломираат или не се вработат.

- Advertisement -

Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.

Поради тоа, условот за да се стекне студентот со можноста да ја искористи оваа уникатна поволност е да се вклучи во квалификационо тестирање за компетенции и способности, коешто ќе започне да се спроведува кон крајот на месец април од страна на колеџот.

- Advertisement -

Сите детали околу Студирај сега, плаќај по вработување! ќе бидат достапни многу наскоро преку социјалните мрежи и официјалната страна на Бреинстер Некст колеџот, а воедно и преку директен контакт со институцијата.

 ____________________________________________________________________________

Бреинстер Некст колеџот е првиот акредитиран применет ИТ колеџ во државата –  основан од страна на Бреинстер – најдобро рангиран образовен центар во Македонија според независната платформа за рангирање од страна на алумни и тековни студенти – 99Schools.mk во конкуренција од 150 формални и неформални едукативни центри во државата.

Сподели!
- Advertisement -