ВИДЕО. Успешно тестиран првиот целосно електричен тркачки чамец во светот

- Advertisement -

Сте слушнале ли за E1 World Electric Powerboat Series? Тоа е Формула 1 за тркачки чамци. E1 series ќе биде електрифицирана верзија на F1H20 моделите и ќе користи хидрофолија за своите чамци, благодарение на што ќе може да се подигнат на 40 см над површината на водата.

Сега еден од чамците направени да се тркаат на таа трка, RaceBird, беше успешно тестиран и покажа многу подобри перформанси од очекуваните. Иновативниот чамец по прв пат беше тестиран на реката По во близина на Сан Назаро во Северна Италија.

- Advertisement -

Инженерите на RaceBird направиле повеќе технички тестови и системски проверки за да ги проценат вкупните перформанси на чамецот и да ја проверат издржливоста на електричните компоненти на чамецот.

RaceBird го создаде Алехандро Агаг, основач на Formula Е и на серијата Extreme E, како и Роди Басо, поранешен директор на Motorsport во McLaren. Нема потреба да кажеме дека тие точно си ја знаат работата и одлично си ја завршиле задачата со овој прототип и импресивната електрична хидрофолија.

- Advertisement -

Погледнете го видеото подолу за да го видите чамецот во акција.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -