На површината на Сонцето се појавија огромни пеги кои би можеле да проголтаат цела Земја

- Advertisement -

Две големи групации на сончеви пеги се појавија на површината на зонцето и тоа навестува поголема можност за појава на живописни аурори и потенцијални штетни Сончеви пламени во текот на идните месеци. Некои од Сончевите пеги се толку големи што би можеле да проголтаат цела Земја.

Познати како активни региони 2993 и 2994 (AR2993 AR2994), изгледа дека на новите групации ќе им се приклучи уште една, која веројатно е сокриена зад североисточниот дел на Сонцето и која изгледа го предизвикала моќниот соларен пламен кој пред неколку дена ја промаши Земјата.

- Advertisement -

Секоја од тие групации се состои од неколку Сончеви пеги и покрива површина од над 100 милиони квадратни километри, што е многу повеќе од дијаметарот на Земјата. Пегите се резултат на магнетните пореметувања кои се видливи на Сончевата фотосфера.

Сонцето, за разлика од Земјата, во правилни интервали од 11 години го менува својот магнетен поларитет, при што секој соларен циклус има фази на ниска и висока активност. Циклусите на соларна активност се бројат од 1775 година, кога почнало опсежното бележење на активноста на Сончевите пеги. Моментално се наоѓаме во 25-тиот соларен циклус, кој уште го нема достигнато својот врв, што сугерира дека ќе има уште поголема активност на Сончевите пеги.

- Advertisement -

(Live Science)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -