Во тек е изработка на нов Закон за вино, во кој фокусот се става на географските ознаки, заштитата на различни виногорија, но и регистрацијата на организации,коишто се репрезенти на производителите на грозје и вино.
Оваа најава дојде по синоќешната средба во Кавадарци на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски со лозарите, производителите на вино, пратениците и градоначалниците од тиквешкиот регион.
Николовски најави дека законот ќе биде ќе биде функционален, долгорочен и стратешки сеопфатен.
-Го слушаме гласот на лозарите и производителите на вино и заеднички, здружено ги решаваме сите предизвици. Фокусот на законот е ставен на договорното производство и кај секторот на лозарството и винарството,заштитата на различни сорти, а клучна улога во организациите ќе имаат минимум 50% од производителите на вино, изјави Николовски