Мате Римац доби уште еден моќен партнер – Investindustrial

- Advertisement -

Компанијата Investindustrial, која го користи своето искуство во автомобилската индустрија, развиено со моменталните и претходни инвестиции во Ducati, Aston Martin и Morgan Motors, во Rimac Automobili ќе го поддржува преминот на одржлива мобилност. Имено, инвестициската групација Investindustrial во компанијата на Мате Римац ќе инвестира 120 милиони евра.

Групацијата Rimac Automobili е основана во 2009 година од страна на Мате Римац, а денес вработува повеќе од 1.300 луѓе. Како технолошки напредна групација, развива и произведува електричени хиперавтомобили и компоненти со високи перформанси и технолошки решенија за електрични возила во името на водечките производители на автомобили во светот како што се Porsche, Hyundai, Aston Martin, Koenigsegg, Automobili Pininfarina и др.

- Advertisement -

Investindustrial преку различни инструменти инвестира вкупно 120 милиони евра во групацијата, осигурувајќи средства потребни за идната возбудлива фаза од растот. Откако првично инвестираше во 2021 година, Investindustrial поддржува компании од автомобилската индустрија.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: FB профил на Мате Римац)

Сподели!
- Advertisement -