Отворен првиот аеродром за дронови и летачки такси

- Advertisement -


Во Ковентри е отворен Air-One, т.н. веридром за електрични летачки такси и автономни дронови, а во текот на наредните пет години се планира изградба на уште 200 такви аеродроми.

Амбициите на Urban-Air Port, компанијата која е заслужна за овој веридром, како што го нарекуваат, се многу големи и во текот на наредните пет години сакаат да отворат дури 200 такви во Велика Британија, но и во земји ширум светот.

- Advertisement -

Според Рики Сандху, основач и извршен директор на претседателот на компанијата, отворањето на првиот веридром е ногу битен момент за новата генерација на транспортни возила. Автомобилите имаат патишта, возовите имаат железнички пруги, а сега летачките возила со вертикално полетување и слетување имаат специјални места за полетување и слетување. Сандху додаде дека превозот меѓу градовите, но и во градовите ќе биде карбонски неутрален и повеќе нема да има сообраќаен метеж, додека градовите ќе бидат уште поповрзани едни со други.

Причината зошто првиот веридром е отворен во Ковентри е локацијата во срцето на Велика Бртианија затоа што од најголем дел од земјата е оддалечен четири часа.

- Advertisement -

Во иднина таков веридром се планира да се изгради во Лондон. За почеток, на него ќе се одржуваат тест-летови, додека во иднина Air-One треба да служи на четири битни пазари – летачки такси, автономни доставни дронови, управување со итни ситуации и катастрофи и за логистика и одбранбени операции.

Отворањето на веридромот финансиски го поддржа и британската влада, а министерот за воздухопловство, Роберт Коуртс, нагласи дека отворањето на Air-One ќе го револуционизира начинот на кој луѓето и стоката патуваат ширум Британија.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Vimeo)

Сподели!
- Advertisement -