Кина развива технологија за пренасочување на астероиди и одбрана на Земјата

- Advertisement -

Кина вредно работи на остварување на својата цел да стане глобален лидер во вселенски технологии, а пример за тоа е планот за развој на технологија за промена на орбитирањето на потенцијално опасните астероиди со помош на кинетички удирачи.

Кинеската мисија за одбрана на планетата може да се спореди со мисијата DART (Double Asteroid Redirection Test) на НАСа, која беше лансирана во ноември минатаат година за да се предизвика судир со месечината на астероидот диморфос, што ќе се случи во септември годинава.

- Advertisement -

Кина е неколку чекори зад НАСА, но наскоро ќе биде објавено истражување со цел развој на нови системи за пренасочување на астероидите кои се наоѓаат во близина на Земјата.

На прес-конференција директорот на Кинеската национална вселенска администрација, Ву Јанхуа, истакна дека Кина сака да развие систем за рано предупредување на астероиди, како и симулациски софтвер за тестирање основни процедури за нејзината технологија наменета за одбрана на планетата.

- Advertisement -

Ако почетната фаза помине според планот, Кина ќе стартува мисија за набљудување на потенцијално опасните астероиди, а потоа ќе ги гаѓа за да им ја смени траекторијата на движење. Мисијата е планирана за 2026 година.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -