Најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија, ќе купува стотици илјади електрични возила

- Advertisement -

Американскиот производител на електрични возила, Lucid Motors,објави дека склучиле договор со најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија, за набљавка на 100.000 електрични возила.

Според договорот, оваа земај од Средниот Исток сака првично да купи 50.000 возила, со опција да купи уште 50.000. Извршниот директор на Lucid, Питер Ролинсон, изјави дека продажбата на 100.000 електрични возила во Саудиска Арабија пресвртница во ширењето на одржливиот транспорт на глобално ниво.

- Advertisement -

Ролинсон додаде дека се одушевени од можноста да и помогнат на Саудиска Арабија да ги достигне своите цели за одржливост и нето нула загадување, како што пишува во нивните иницијативи Saudi Vision 2030 и Saudi Green Initiative.

Како дел од договорот, владата на Саудиска Арабија се обврза да купи различни постоечки и идни модели на Lucid. Се очекува дека годишно ќе бидат произведени и ќе им бидат доставувани на почеток од 1.000 до 2.000 возила до 2025 година, а потоа тој број да се зголеми на 4.000 до 7.000 возила годишно. Првата нарачка се очекува да биде доставена во втората половина од 2023 година.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Newscop)

Сподели!
- Advertisement -