Македонски Телеком и понатаму е на лидерската позиција во повеќето сегменти на пазарот, покажуваат резултатите од работењето на компанијата во првите три месеци на 2022 година. Приходите од продажбата се зголемени за 3,5 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 2,8 милиони денари. Oперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 3,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година, главно како резултат на глобалните економски трендови и значајното зголемување на цената на електричната енергија.
Во првиот квартал, компанијата ја пушти во употреба првата 5G комерцијална мрежа и продолжува да ја шири оптичката мрежа на територијата на Македонија.
Лидерство во ТВ пазарот
Македонски Телеком го задржува водството на пазарот на ТВ услуги со удел од 34,3 %. Квалитетот и уникатното искуство го прават MaxTV исклучително атрактивна понуда што придонесе за зголемување на бројот на корисници на 146 илјади, односно, за 1,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Раст и кај интернетот и мобилните услуги
Позитивни резултати во првиот квартал има и кај мобилните и интернет услуги. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,7 проценти и изнесува 198,4 илјади, а за 2,4 отсто зголемени се и интернет пристапите. Оттука, уделот на Македонски Телеком на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2022 година изнесува 49,3 отсто.
Во мобилните комуникации, на крајот од првото тримесечје годинава, компанијата има удел на пазарот од 48,5%, а базата на претплатници е зголемена за 11,4 отсто. Во фиксната телефонија остануваме на лидерската позиција со удел од 62,1%, односно, 224 илјади корисници.
Раст во ИКТ сегментот
Во првите три месеци од 2022 година, расте користењето на ИКТ и Cloud решенија и услуги, што доведе до зголемување на приходите од системска интеграција и ИТ услуги за 12,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Квалитетот на ИКТ услугите и решенијата и сигурноста на податоците што ги нуди Македонски Телеком го позиционираат како партнер за дигитализација на бизнисите, за што говори и позитивниот тренд во ИКТ сегментот.
Македонски Телеком останува посветен на градењето на најдобрата мрежа и на понудата на најдобрите услуги базирани на напредните технологии на новото време.
Македонски Телеком и во првото тримесечје е лидер на пазарот во повеќето сегменти
- Advertisement -
- Advertisement -