На Apple му се заканува казна од 37 милијарди долари

- Advertisement -

Apple се соочува со многу голема казан и можеби ќе мора повторно да го отвори својот систем за мобилно плаќање за конкуренцијата откако антимонополските регулаторни тела на ЕУ го обвинија производителот на iPhone дека на конкурентите им го органичил пристапот до неговата технологија која се користи за мобилните паричници.

Ова е втора тужба на ЕУ против Apple откако регулаторите на ЕУ минатата година го обивнија американскиот технолошки гигант за нарушување на конкуренцијата на пазарот после жалбата против Spotify.

- Advertisement -

Европската комисија соопшти дека на Apple му испратила тужба позната како изјава за приговори, во која детално е опишано како компанијата ја злоупотребила својата доминантна положба на пазарот за мобилни паричници на iOS уреди. Комисијата истакна дека антиконкурентската пракса на Apple датира уште од 2015 година, кога е стартуван Apple Pay.

„Имаме информации дека Apple го органичил пристапот за трети страни до клучната технологија потребна за мобилни паричници на уредите на Apple. Во нашата изјава за приговори прелиминарно утврдивме дека Apple можеби ја органичил конкуренцијата во корист на своето решение Apple Pay“ велат од ЕУ.

- Advertisement -

Apple, кој може да се соочи со казна во висина до 10% од својот глобален промет или 36,6 милијарди долари, порачува дека ќе продолжи да соработува со Европската комисија.

(Apple)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -