Ова е првиот подводен глисер со хидрокрило во светот

- Advertisement -

Италијанскиот стартап iSpace2o објави дека почнал со производство на својот чамец-подморница Deepseker DS1, кој има хидрокрило за пловење над вода со брзина до 43 км/ч, а може и да потонува до длабочина до 50 метри.

Од компанијата велат дека ова е прво пловило од тој тип затоа што не постои ниту еден брз брод кој може да плови под вода. Покрај тоа, Deepseker DS1 се движи целосно на електричен погон и е дизајниран да не прави бучава. Благодарение на хидрокрилото може да се дигне над водата додека го користите како глисер, може да плови со многу голема брзина и да штеди енергија, што како што велат од компанијата, му го зголемува досегот со едно полнење батерии. Тие размислуваат и за користење на водород како алтернативен погон.

- Advertisement -

Уште една клучна иновација кај чамецот-подморница е резултат на партнерството со компанијата Like-A-Fish, која ќе го снабди Deepseaker со речиси неограничен кислород за кабината, која може да собере до четворица патници. Оваа технологија користи електрична центрифуга за поставување морска вода под низок притисок, да излачува течен кислород за да се врати во системот за добивање воздух во подморницата, при што за снабдување со воздух на едно лице се користат околу 150 вати, а тој систем пред од пред неколку години има функционален прототип.

Од компанијата велат дека почнале со изработка на првиот труп за Deepseaker 1, а во развојот и финансирање на проектот учествуваат и компаниите Invitalia и Giancarlo Zema Group.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: iSpace2o)

Сподели!
- Advertisement -