Над 450.000 луѓе во Македонија живеат на раб на сиромаштија

- Advertisement -

Се продлабочи сиромаштијата во земјава. Во 2020 та стапката на сиромашни лица изнесувала 21,8% и во однос на 2019 та е зголемена.

Новите податоци од Заводот за статистика покажуваат дека во земјава под праг на сиромаштија живееле 451 900 луѓе, за рзлика од 2019 та бројот се зголемил за нови 3 800 сиромашни граѓани. Најдлабока стапка на сиромаштија од 45,6% има кај семејствата со две или повеќе деца, кај самохраните родители со деца, стапката на сиромаштија изнесува 41,6% додека кај домаќинствата со деца стапката изнесува 27,2%. 

- Advertisement -

2020 та година беше една од потешките години, кога ковид пандемијата зема замав а голем број на фирми се бореа за опстанок. На удар на економската криза повторно беа најраливите категории. Граѓаните велат дека економската криза се уште го топи стандардот, особено сега кога граѓаните се соочуваат и со растечка инфлација. Во земјава се поголем е јазот меѓу сиромашните и богатите.  

Расте прагот на сиромаштија и во самечките домаќинства – ако во 2018 година се регистрирани 97.000  лица, сега бројката е порасната на 110.000. Врз зголемувањето на овој процент најмногу влијае висината на просечната плата, пензиите и животниот век.

- Advertisement -

Бројките можат да бидат поинакви од оваа година со оглед на новите податоци од пописот на населението. Без да се преземат мерки за зголемување на просечната плата, пензиите овој процент и натаму може да расте.

Сподели!
- Advertisement -