Почнува масовно производство на натриум-јонски батерии

- Advertisement -

Натриум-јонските батерии на компанијата Natron Energy имаат огромен век на траење, практична густина на моќност и супер-брзо полнење, а сето тоа без употреба на релативно реткиот литиум. Прек партнерството со компанијата Clarios, Natron идната година ќе почне со масовно производство на батериите во Мичиген, САД.

Според некои експерти, моменталната технологија за батерии се движи кон напуштање на литиумот, првенствено бидејќи најголем процент од потребите во светот ги задоволува Кина и едноставно има недоволно литиум во познати резерви за да се задоволат потребите за пазарот на електрични возила, како и за сите останати сектори кои сакаат да преминат на батериско напојување во наредните години.

- Advertisement -

Алтернативите затоа ќе бидат апсолутно клучни, а проекти за натриум-јонски батерии последните години редовно се појавуваат и имаат за цел да преземат дел од пазарот. Кинески CATL минатата година лансираше антриу,-јонска батерија за пазарот за електрични возила со специфична енергија од 160 Wh/kg, што е повеќе од половина од густината која ја имаат литиум-јонските батерии за масовниот пазар.

Калифорниската компанија Natron Energy користи поинаква хемија базирана на син оигмент, најпонат по тоа што ја дава сината боја која на „blueprint” нацртите им го даде и своето име, како и по тоа што интензивно се користи во традиционалните јапонски обоени дрворези.

- Advertisement -

Од Natron тврдат дека нивниот дизајн нуди моќна волуметриска густина на моќност помеѓу оловна киселина и литиум-јон, со сопер брзо полнење, кое овозмоѓува полнење од 0 до 99% за само 8 минути и животен век од над 50.000 циклуси, односно 25 пати поголем од литиум-јонските батерии. Исто така, додаваат дека нивните батерии се исклучително стабилни на повисока топлина, па се погодни за транспорт, поставување и складирање без опасност од пожар.

Natron главно таргетира на индустриска примена на батериите, како што се резервно напојување на податочни центри, напјување на виличари и други индустриски возила, телекомуникациски инсталации итн. Тоа значи дека во своите идни електрични возила веројатно нема да имате натриум-јонски батерии, како ни во вашите лаптопи и телефони затоа што поради тежината не би можеле да се наречат „преносни“ или „мобилни“.

- Advertisement -

Батериите на Natron сериски ќе се произведуваат од 2023 година во погонот Clarios Meadowbrook во Мичиген, кој моментално се користи за литиум-јонски батерии.

(Vidi.hr)

(фото: Maxpixel)

Сподели!
- Advertisement -