Диме и Ивица направија инвестициска алатка со која секој лаик за финансии ќе може лесно да направи профитабилна инвестиција!

- Advertisement -

Диме Галапчев и Ивица Атанасовски се коосновачи на стартапот FinqUp, кој развива едноставна инвестициска алатка со која секој лаик за финансии ќе може лесно да направи инвестиција, да оствари профит и да направи донација.

Диме и Ивица имаат повеќе од една декада искуство во индустријата, eдниот како претприемач и другиот како трговец-инвеститор кои резултираат со уникатна позиција да можат да го развијат и лансираат FinqUp. Галапчев, во интервју за Иновативност, најавува дека апликацијата треба да биде готова до крајот на годината, а замислата на двајцата креатори е да биде достапна секому и секаде.

- Advertisement -

Новинар – Сања Наумовска

Диме, вашата апликација FinqUp е опишана како инвестициска алатка за обични луѓе. Објаснете ни што значи тоа?

- Advertisement -

Пристапот до професионално менаџирани инвестиции секаде во светот до сега беше резервиран само за богатите. Ова претставува голем проблем за сите што не можат да си дозволат професионален совет и се приморани самите да тргуваат или да инвестираат. Од досегашното искуство ваквите ситуации значат дека над 90 отсто од луѓето ќе ги изгубат своите средства кои ги инвестирале. Ние, со апликацијата FinqUP сакаме секому, на едноставен начин. Секому ми овозможуваме со минимален депозит да може да ги распореди своите средства за инвестиции низ поголем број на професионални портфолио менаџери.

Во која фаза е развојот на апликацијата во моментов и како планирате да функционира?

- Advertisement -

Бета верзија од апликацијата е речиси готова и планираме да биде лансирана до крајот на годинава, секако под услов да нема поголеми поместувања во нашиот бизнис план и барањата на инвеститорите со кои работиме.

Што се однесува до нејзината функција, FinqUP е замислена како независна апликација која ќе се поврзува со најдобрите брокерски куќи од светот и ќе ги филтрира најдобрите портфолио манаџери кои што работат под нив. Истовремено, FinqUP ќе го автоматизира процесот и бирократските процедури и ќе им овозможи на нашите клиенти да можат да инвестираат со еден клик.

Какви бенефити се очекува да им донесе на сите кои планираат да инвестираат?

Очекуваме FinqUP да придонесе за огромно олеснување на процесите при инвестирање. Со употребата на апликацијата секој што ќе сака да инвестира нема да има потреба од експертско знаење, ниту ќе биде принуден самиот да чита графикони, економски календари и слични активности. Процесот на инвестирање со апликацијата е речиси комплетно автоматизиран, а работата на инвеститорот е само да го одбере нивото на ризик и каде евентуално би сакал да одат донациите. Останатото го правиме ние. Тоа значи дека го градиме неговото портфолио, отвораме и затвораме позиции, менаџираме отворени инвестиции, вршиме стратешка диверзификација и слични услуги кои во 90 отсто од случаите не се достапни за инвеститори со мал капитал.

Како дојдовте на идеја да развивате ваква платформа и како таа функционира?

FinqUP како идеја дојде природно од потребата да ја олеснам сопствената работа во мојот професионален ангажман на поврзување на портфолио менаџери со брокерските куќи и потенцијалните клиенти. Идејата позади FinqUp е главно водена од потребата да се просветли финансиско-инвестицискиот сектор, бидејќи веќе сме во 2022 година, а луѓето се уште се жртви на лош маркетинг и празни ветувања. Инвестирањето треба да биде нешто што ќе го потпомогне домашниот буџет, а не слепо верување дека со инвестиција на 100 долари за еден месец магично ќе си купиш автомобил. Нашата крајна цел е да се потегне силно движење кое ќе ги мотивира учесниците во овој сектор да разберат дека најдобрата инвестиција е таа во себе и во нашата околина во исто време.

FinqUp е мобилна апликација која што им овозможува на корисниците во еден клик своите инвестиции да ги диверзифицираат врз голем број на портфолио менаџери – професионални трговци на берзата кои што работат преку брокерски куќи и имаат долгорочни резултати.

Како платформа дозволуваме на портфолио менаџери кои што ги исполнуваат нашите услови (низок ризик, валидирана профатибилност од 2 години), да отворат акаунти за тргување, во кои што клиентите ќе можат да ги здружат своите средства. Инфраструктурата за тоа постои и се викаат РAMM accounts – Percentage Allocation Money Management, ова се Pooled Money Accounts, каде што профитите се делат процентуално спрема кој колкав удел има од целокупниот износ на средства.

Наједноставно објаснето, FinqUp ги насочува обичните корисници кои сакаат да инвестираат, да одберат и да инвестираат во портфолио менаџирано од професионален трејдер кој има најмалку 2 години валидирана профитабилност – потврдена од страна на FinqUp.

Клиентите во самата апликација имаат можност да одберат стил на инвестирање – од агресивно до неутрално, а нивните средства ќе бидат на тој начин инвестирани во здружениот фонд и соодветно распределени.

Крајната цел на FinqUp е да собере што е можно повеќе стратегии за тргување од професионални трејдери и да ги понуди во вид на маркетплејс, каде што корисникот ќе може да одбира на кој начин ќе инвестира, а нема сам да носи одлуки. FinqUp, портфолио менаџерот и брокерската куќа заработуваат од секоја остварена трансакција.

Кои се вашите планови за иднината?

Веруваме дека FinqUP како алатка треба да е достапна до секого и секаде. Тоа значи дека како ќе ги оптимизираме главните функционалности, така ќе го планираме и реализираме ширењето кон другите региони.

Ивица Атанасовски
Сподели!
- Advertisement -