Батерии се полнат со енергија од влажноста на воздухот

- Advertisement -

Собирањето на енергијата од влажноста на воздухот привлекува се повеќе интерес за напојување на преносни гаџети и друга преносна електроника. Сепак, се уште е предизвик да се создадат генератори на електрична енергија од влага кои се високоефикасни и имаат стабилен аутпут.

Австралиската компанија Strategic Element во соработка со Универзитетот на Нов Јужен Велс развија технологија за флексибилна батерија која се полни самата од влажноста од воздухот или на површината за само една минута. Тие батерии директно можат да се користат во електронски уреди и за уреди поврзани на Интернетот на нештата (IoT).

- Advertisement -

Оваа технологија има потенцијал во иднина да ја отстрани потребата за рално полнење или полнење со жичани адаптери. Се очекува проектот да резултира со широк распон на електронски материјали за употреба во флексибилни електронски уреди и да донесе значителен напредок на енергетски ефикасни уреди за складирање.

Материјалите кои се базирани на графен имаат способност да собираатенергија од надворешни фактори како што е влагата во воздухот или од топлина. Графен оксидот се формира со оксидација на графит, кој е евтин и го има во изобилство.

- Advertisement -

За нивната студија истражувачите користеле порозен графен оксид третиран со хидрохлорна киселина. За да ја тестираат флексибилноста тие направиле батерија на парче карбонско платно и потоа ја свиткале за 120 степени. Батеријата и во таква позиција и после 2.000 пати свиткување имала 93% од максималната волтажа која ја имала на почеток.

(Inceptive Mind)

- Advertisement -

(фото: MaxPixel)

Сподели!
- Advertisement -