Светот само што собори 8 рекорди за екстремна клима

- Advertisement -

Светот само што собори повеќе рекорди кои се однесуваат на екстремните климатски услови, но за разлика од другите рекорди, сообрувањето на овие е многу лош знак за правецот во кој се движиме ако човештвото не стане поодговорно за своето однесување и не почне да води сметка за последиците кои ги носат нашите постапки.

1.Најпрвин, последните 7 години се најтоплите од кога постои мерење на температурите.

- Advertisement -

2.Во 2021 година глобалното средно ниво на водата во морињата и океаните достигна нова рекордна вредност, што е последица на топењето на вечниот лед на замрзнатите полови на Земјата.

3.Лани беа забележани и првите врнежи од дожд на локацијата на единствената постојана истражувачка станица на Арктикот, каде што најголем дел од годината температурите се во минус. Тоа е воедно и највисоката точка на Гренланд.

- Advertisement -

4. Во западна Европа се случија некои од најстрашните поплави во историјата, кои нанесоа огромна материјална штета и однесоа огромен број на животи.

5.Пеколните температури во Северна Америка и во Медитеранот ги сообрија рекордите. Минатото лето имаше незапамтени горештини во многу американски сојузни држави.

- Advertisement -

6. Долината на смртта во Калифорнија, која е пустинска долина со екстремна клима, втора година по ред забележува температура од 54 степени Целзиусови.

7.Ураганот Ида го предизвика најголемото уништување на земјиште во државата Луизијана, САД. Вкупната штета која ја предизвика достигна 75 милијарди долари.

8.Екстремна суша зафати многу региони во светот, меѓу кои Северна Америка, Иран, Турција и Авганистан. Во САД сушата беше толку експтремна што нивото на водата во езерото Мид се намаи за дури 47 метри.

Од Меѓународната агенција за енергија велат дека можеме да го ограничиме глобалното затоплување на 1,8 степени Целзиусови ако секоја земја целосно и навремено ги почитува своите климатски обврски.

(World Economic Forum)

(фото: Pikrepo)

Сподели!
- Advertisement -