Норвешка планира да лансира летачки брод за луксузен транспорт

- Advertisement -

Со повеќе од 1.000 фјордови и 450.000 езера, најголем дел од норвешката популација живее блиску до некаква писта. Поради планинскиот пејзаж и ограничената инфраструктура за поврзување на населените места, хидроавионот е брз, ненаметлив начин на транспорт над незгоден терен. Наместо со автомобил со часови да се патува по копно, тоа време може да биде скратено на минути.

Токму затоа е создаден проектот Elfly, кој има за цел дизајнриање на мал електричен хидроавион кој ќе го трансформира локалниот транспорт. Авионот го развива стартап од Берген, Норвешка, а проектот сега е дојде до фаза тестирање во соработка со SINTEF.

- Advertisement -

Советот за истражување на Норвешка обезбеди 1,5 милиони евра за проектот. Парите ќе се искористат за развој на функционален прототип кој ќе може да лета за три години отсега.

Хидроавионот моментално се тестира во истражувачкиот институ SINTEF во Трондхајм, каде што различните модели се влечат по површината на водата во резервоар долг 260 метри за да видат која е оптималната форма.

- Advertisement -

Иднито хидроавион на Elfy ќе биде електричен, еколошки, тивок и ќе може да лета на пократки растојанија од различни локации. Дизајниран ќе биде да превезува до 9 патници со нула емисија на гасови и без бучава, а ќе поминува по 200 км на едно летање.

Авионот се уште е во развој, но стартапот има големи планови и се надеваат да имаат 15-20 такви авиони до 2030 година.

- Advertisement -

(Inceptive Mind)

(фото: Elfly)

Сподели!
- Advertisement -