Новата капсула на Boeing, Starliner, без екипаж во петокот пристигна на Меѓународната вселенска станица, после успешниот тест лет, кој треба да потврди дали може да ја преземе задачата превоз на астронаути и залихи до станицата.
После целодневниот лет бродот без екипаж слета на 400 км над Земјата. Пренесуваше околу 225 кг товар од НАСА и опрема за екипаажот на станицата, како и над 130 кг товар на Boeing.
Успешниот лет беше тест за Starliner, кој се најде во криза и поради низа проблеми проектот почна две години подоцна од планираното. Boeing планира да го користи Starliner за превоз на астронаути на станицата, како алтернатива за капсулата Crew Dragon на
Успешниот лет беше тест за Starliner, кој се најде во криза и поради низа проблеми проектот почна две години подоцна од планираното. Boeing планира да го користи Starliner за превоз на астронаути на станицата, како алтернатива за капсулата Crew Dragon на SpaceX.
Starliner e летало од нова генерација за делумно повеќекратна употреба, која се состои од реупотреблива капсула за екипаж и сервисен модул, кои се лансираат со ракета. Кога ќе стане сертифицирано, ќе превезува до 4 членови екипаж до станицата.
Вселенското летало требаше да полета со станицата во јули минатата година, но тоа беше одложено поради проблемите кои се појавија по доаѓањето на рускиот истражувачки модул Nauka, а потоа и поради проблемите со погонскиот систем на Starliner.
Капсулата треба да остане четири до пет дена приклучена за вселенската станица пред да се ослободи за враќање на Земјата, а предвидено е нејзино спуштање со падобран во пустината Бели песоци во американската сојузна држава Ново Мексико.
(Zimo)
(фото: Flickr)