Најмногу онлајн трансакции од странство кон Македонија се направени од САД и Велика Британија

- Advertisement -

Агенцијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) направи анализа на податоци од Народната банка на Република Македонија за бројот и вредноста на електронските трансакции од странски платежни картички кон домашни е-трговци. Според анализата, во на минатата година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 471.688 онлајн трансакции со вкупна вредност од 16,4 милиони евра.

Според АЕТМ, ова е раст од 58,4% на бројот и 50,5% раст на вредноста на трансакциите во однос на 2020 година. За споредба, минатата година имало 297.742 онлајн-трансакции со вкупна вредност од 10,9 милиони евра.

- Advertisement -

Најмногу трансакции со странски платежни картички (60.949 трансакции) се направени од САД, а потоа следува Обединетото Кралство. Делумно тоа е така бидејќи луѓе од земјава користат странски картички од брендови како Payoneer и Revolut од САД и Обединето Кралство. Тоа главно се луѓе кои работат како хонорарци за странски компании и претставништва.

Освен САД и Обединетото Кралство, голем дел од трансакциите се од земји каде што има многу иселеници како што се Швајцарија, Германија и Шведска. Од соседните земји, најмногу онлајн-трансакции има од Бугарија и од Србија.

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -