Постари Њујорчани ќе живеат со емпатични роботи за да не се осамени

- Advertisement -

Околу 800 постар Њујорчани ќе живеат со емпатични роботи кои ќе им помагаат во лекувањето на нивните здравствени проблеми предизвикани од самотијата. Државата Њујорк роботите ги гледа како решение за епидемијата на осаменост, а ги произведува израелската компанија Intuition Robotics.

Станува збор за роботите ElliQ, кои ќе бидат распоредени во домовите на постари лица и ќе им помагаат во секојдневните прегледи, во лекувањето и физичките активности, ќе им овозможат да комуницираат со пријателите и семејствата и сл. Програмата, пред се, е наменета за борба притив самотијата, која докажано има негативни ефекти врз здравјето кои се поштетни од пушењето и гојазноста.

- Advertisement -

Епидемијата на самотијата дополнително е влошена поради социјалното дистанцирање и другите мерки поради пандемијата на корона вирусот, а роботот ElliQ има многу почовечки особини од други паметни технологии. Овој робот проактивно предлага активности и иницира разговори наместо само да одговара на прашања. Уредот користи вештачка интелигенција за да разговара на основа на внесени податоци.

ElliQ е голем колку столна ламба и има екран на кој се прикажува тејст, а белата глава може да ја врти во круг додека разговара. Тој ги следи основните здравствени параметри како пулсот и крвниот притисок, а овозможува и размена на пораки, пoвици и имејл. Исто така, може да кажува шеги кои добро ќе ги забавуваат осамените лица. Во текот на тестирањето роботот успеал да поттикне интеракција во 60% од случаите.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Elliq)

Сподели!
- Advertisement -