Vivo, еден од најголемите светски брендови на мобилни телефони, влегува на македонскиот пазар!

- Advertisement -

Производителот број 5 на паметни телефони на светско ниво влегува во Македонија! Влегувањето на светски познатиот бренд Vivo на нашиот пазар доаѓа година и половина по влезот на европскиот пазар во октомври 2020-та. Проширувањето стигна и до Македонија, на задоволство на корисниците на паметни телефони кои што сакаат иновации! Vivo во моментов е присутен на над 60 пазари ширум светот и ја има стекнато довербата на повеќе од 400 милиони клиенти!

Разговараше – Дијана Митревска

- Advertisement -

Кој ви е планот во поглед на македонскиот пазар?

Vivo: Секој пазар го делиме на open market и телеком бизнис. Кај вас има два мобилни оператори со кои сме во преговори и чекаме некои повратни информации. Направени се сите презентации и основните тестирања, што значи од наша страна сме целосно подготвени. Што се однесува на пазарот, ќе почнеме со Нептун и Сетек, а третиот партнер ќе биде Риверсофт. Со тие три партнери на отворениот пазар веќе почнавме со работа.

- Advertisement -
Душан Кузмановиќ, директор за продажба во Vivo Balkans

Во однос на маркетингот, досега во Србија во овие 9 месеци се фокусиравме главно на home маркетинг активности, односно што подобро да ги зацврстиме односите со партнерите, како и на дигиталниот маркетинг, односно социјалните мрежи како Инстаграм. Сега почнавме и на Тик-Ток, каде што ќе активираме доста помлада публика. За Македонија за првата година планот е сличен како во Србија. Фокусот ни е ставен на партнерите и на што поцврсти врски со нив. Некој ќе рече дека прескромно настапуваме како бренд, но како што кажавме, се водиме од Бен Фен филозофијата: прави ги вистинските работи и на вистински начин.

Минатотото лето бевме еден од генералните покровители на УЕФА Европското првенство во фудбал. Спонзори сме и на Светското првенство во фудбал кое годинава се одржува во Катар и на Европското првенство кое во 20204 година ќе се одржи во Германија.

- Advertisement -

Од друга страна, локално во земјите спонзорираме некои настани кои се од локален интерес. На пример, во Полска сме спонзори на Унијата за скијачки скокови, за кои има огроен интерес кај јавноста. Во Италија, пак, соработуваме со Федерацијата за женски ракомет, со италијанкиот оператор ТИМ, кој е главен покровител на е-спортови. Спонзори сме и на La Liga во Шпанија.

Тоа се маркетиншки потези кои многу ја зголемуваат видливоста на бреднот. Се разбира, во денешно време и социјалните мрежи се битен маркетинг канал и се еден вид продолжена рака на корисниците, каде што во европските земји каде што сме присутни гледаме голема интеракција. Во Србија, на пример, во тие 9 месеци колку што сме присутни разменети се некои 3.000 пораки со фановите.

Vivo Y21 Mettalic Blue

Имате ли некој официјален датум кога Vivo влегува на македонскиот пазар?

Vivo: Официјално, како што направивме во Србија, нема да правиме нешто официјално, туку ќе почнеме со работа со партнерите. Ние работиме од канцеларија од Србија и за секоја земја избравме дистрибутер кој ќе работи со купувачите. Генерално соработуваме со малопродажни синџири, преку кои ги нудиме нашите производи, но имаме и постпродажна грижа за корисниците преку сервисните центри во секоја од земјите каде што сме присутни. Во Македонија тоа ќе бидат Сетек, Нептун и Риверсофт, а веројатно од третиот квартал односно јули-август нашите телефони ќе ги има преку операторот А1. Првите количини телефони веќе се пристигнати во малопродажните синџири.

Vivo Y21 Pearl White

Кои ви се таргет корисници?

Vivo: Да речеме дека ни се сите, од тинејџери до 99 години. Немаме некоја строго дефинирана демографија, но имаме профили на купувачи според некое сценарио и начинот на кој го користат телефонот. Да речеме, X серијата, која е и најмоќна и најскапа, е за најзахтевните купувачи кои сакаат телефон со високи перформанси кој од една страна им треба за работа, а од друга страна имаат големи очекувања во однос на камерите. Тоа е една од повратните информации од тие 9.000 испитаници пред да влеземе на европскиот пазар. Фунцкионалноста на камерите им е многу битна независно од ценовната категорија. Понатаму, за младите професионалци од 20-ина до 35-40  години  интересна е V серијата телефони, која е од повисок среден ранг и голем фокус има ставено на предните камери. Предните камери се со многу мегапиксели, имаат оптичка стабилизација на снимките. Тоа е решение кое прилично им е корисно на луѓето сега кога голем дел од работата завршуваме преку видеоповици. Тука е и Y серијата, која е како швајцарско ноже – може да биде добра за сите затоа што е едноставна за користење. Нуди една фина рамнотежа меѓу перформансите и цената и супер може да му послужи на некој како прв телефон кој го поседува, може и за постарите луѓе на кои им треба телефон да вклучат Viber или WhatsApp и да се снушнат со семејството.  На европските пазари многу варира ситуацијата од пазар до пазар, меѓутоа во земјите блиски до нас луѓето 90% купуваат телефони преку оператор, а 10% на отворениот пазар. Во Шпанија, Португалија, Италија, да речеме, зависно од квартал до квартал, 65%-80% од луѓето купуваат телефон на отворен пазар. Во однос на тоа кои телефони најмногу се продаваат, и тоа зависи од пазарот. Во Западна Европа, да речеме, напродавана е серијата У70. Добро се продава и V серијата, а серијата Х има удел од 10%-15%.

Vivo Y21s Midday Dream

Колку 5Г ќе ви биде битен за македонскиот пазар?

Vivo: Што се однесува на 5Г, се разбира дека сме подготвени и всушност сме едни од лидерите на тоа поле. Во однос на глобалниот пазарен удел, имаме околу 11%. Но, кога станува збор за некој среден сегмент на 5Г уреди со цена од 250-500 евра, тука имаме удел од речиси 30%. 5Г е многу битна тема и веќе имаме голем број на патенти. Ние имаме готови 5Г уреди. Имено, од Y70 серијата нагоре сите наши телефони имаат 5Г. Во Македонија е слична ситуацијата како во Србија и тука 5Г уште не е официјално пристигнат. Се очекуваат одлуките на регулаторните тела.

Vivo Y21s Midnignt Blue

 Дали на пазарот ќе влезете со конкурентни цени?

Vivo: Тоа е релативна работа. Во однос на квалитетот што го имаме и на нашата стратегија, сигурен сум дека ќе бидеме конкурентни. Имено, сите наши телефони работат на Android 12. Тоа е една чиста верзија, без многу прединсталирани апликации. Понатаму, од У33 нагоре сите наши телефони се продаваат со заштитна маска, заштитна фолија и сите имаат комплет опрема, односно полнач, слушалки итн. 

Vivo Y33s Midday Dream

Кои се вашите keу selling points?

Vivo: Како што споменавме, во високиот сегмент фокусот е ставен на ZEISS комуникацијата и на камерите. Во тој флегшип сегмент сите перформанси мора да бидат на највисоко ниво. Во средниот и долниот сгемент фокусот е на меморијата и на батеријата затоа што според истражувањата кои ги направивме тие работи им се најбитни на луѓето кога одлучуваат каков телефон да купат. Даваме стандардна гаранција на телефоните од 2 години, но и повеќе зависно од пазарот и од законите. Во Шпанија, на пример, бевме едни од првите кои даваа 3 години гаранција и пред тоа да стане закон. Понатаму, за сите телефони, без разлика на цената, даваме 3 години редовна софтверска надградба.

Vivo Y33s Mirror Black

Дали мислите дека можете да го замените Huawei?

Vivo: Пристапот кој го имаме во светот, во Европа, а истото важи и за Македонија, не гледаме на другите брендови како на конкуренција. Главно се фокусираме на самите себе и се што правиме да направиме како што треба. Знаеме дека пазарот на смартфони е еден од најдинамичните и најволатилните. Од друга страна, кај купувачите ситуацијата е иста како кога во продавница изираат кој било производ. Секогаш е поубаво кога има поголем избор и тогаш купувачот сам избира што најмногу му одговара. Целта на нашето присуство во Македонија е да понудиме нешто квалитетно, што ќе ги израдува купувачите. Досега на сите пзари каде што се присутни, и во Азија и Пацификот, и во Европа, од купувачите и од новинарите кои ги тестираат телефоните секогаш добиваме позитивни повратни информации и навистина се задоволни.

Сподели!
- Advertisement -