Американски Joby доби дозвола за летачки такси

- Advertisement -

Американска eVTOL компанија доби сертификат Part 135 за комерцијална употреба на летачки такси. Иднината во која ќе се возиме со летачки такси е еден чекор поблиску затоа што американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (FAA) издаде битен сертификаат за комерицјална употреба на летачки такси на компанијата Joby Aviation.

Part 135 е едно од трите одобренија кои се потребни за Joby да го користи својот револуционерен патнички дрон со електрично вертикално полетување и слетување за воздухшни такси услуги во градовите и заедниците ширум САД, покрај сертификатите Type Certificate и Production Certificate.

- Advertisement -

Пред да почне со такси операции со летала со вертикално полетување и слетување компанијата ќе вози луѓе со мали конвенционални авиони, а во меѓувреме планира да изгради флота S4 eVTOL од 200 до 400 летала годишно, почнувајќи од 2024 година.

Наредните два чекори за сертификација се тешки. За да добијат производен сертификат Production Certificate, Joby ќе мора да покаже дека неговата целокупна производна операција е во склад со воздухопловните стандарди, а за Type Certificate ќе мора да ги задоволи стандардите на FAA дека секоја компонента и системот во леталото ги задоволуваат неверојатно строгите безбедносни стандарди. Компанијата верува дека ќе ги добие и двата сертификати за во 2024 година да почне ерата на летачки такси.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Joby)

Сподели!
- Advertisement -