УКЛО воведува иновативна примена на виртуелната реалност во наставата и истражувањата!

- Advertisement -

Деновиве низ ИТ круговите во државата се зборува за иновативен повик за прибирање на понуди објавен од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Станува збор за веројатно првата купола за виртуелна реалност која ќе биде инсталирана во Македонија, но веројатно и пошироко на Балканот.

Имено Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 19 мaj објави тендер за набавка на напреден хардвер и софтвер согласно ПРАГ процедурите на Европската Унија, која ја финансира набавката на оваа опрема од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за погранична соработка со Грција.

- Advertisement -

Покрај другите компоненти, како што се набавка на два професионални дронови, повеќе компјутери, разни сензори и сл., главна компонента е набавка и инсталација на купола за виртуелна реалност.

Согласно техничките спецификации во тендерското досие, куполата треба да биде со висина (односно радиус) не помал од 2.5 м, опремена со најмалку 4 проектори и сервер за прикажување на интерактивни видеа, анимации, компјутерски игри во виртуелна реалност.

- Advertisement -

Околу оваа иновативна набавка разговаравме со проректорот за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски.

Го запрашавме професорот Неделковски, околу целта на набавката оваа опрема кој ни рече:

- Advertisement -

„Куполите за виртуелна реалност се релативна новина кои заради високата цена вообичаено се достапни само за големите и богатите универзитети, научни установи и компании. На пример цената за купола со димензии и карактеристики какви што бараме се движи помеѓу 30.000 и 50.000 евра. А цената на некои куполи со поголеми димензии достигнува и до милион евра.

Куполите овозможуваат учење и истражување во виртуелна реалност, без користење на додатоци на телото. Всушност тие се сферична соба во која влегуваат студентите и наставникот, а на ѕидовите се проектираат интерактивни видеа, анимации, компјутерски игри. Корисниците кои се внатре во куполата преку движење на телото можат да ги контролираат видеата, анимациите, компјутерските игри. Со тоа овие уреди овозможуваат да се врши практична обука во виртуелна реалност.

Всушност куполите за виртуелна реалност се иновативна интерактивни училници за стимулирање на креативноста кои го прават учењето по интересно и разбирливо. Во сферата на науката, овие куполи се извонреден простор за визуелизација на научни податоци, тестирање на нови дигитални технологии и совршена платформа за дизајнирање на иновации“

За што ќе се користи оваа опрема на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола?

„Куполата се набавува со цел за обука за справување со пожари и поплави, бидејќи средствата од Европската Унија ни се доделени за проект кој има за цел да го зголеми капацитетот на институциите и граѓаните од Пелагонискиот регион за превенција и справување со шумски пожари и поплави. Но таа ќе се користи и од сите единици и заинтересирани наставници во редовната настава (за практична обука во виртуелна реалност) и за научни истражувања“

Проф. Неделковски, кој ќе биде бенефитот за студентите од оваа опрема?

„Кратко и јасно. Подобрена и поинтересна практична настава“.

Тендерското досие се наоѓа на следниот линк (а беше објавено и дневниот печат и Службен весник) https://uklo.edu.mk/blog/nabavka-solve/, а рокот за поднесување на понуди е 30 јуни 2022. Да се надеваме дека македонските ИТ компании и увозници ќе достават квалитетни понуди и ќе се реализира набавката.

Сподели!
- Advertisement -