Samsung го намалува производството на мобилни телефони за 30 милиони уреди

- Advertisement -

Јужнокорејските медиуми пишуваат дека Samsung во текот на оваа година ќе произведе 33 милиони уреди помалку. За намалување на производството клучни се три фактори, а тоа се инфлацијата и потрошувачката на потрошувачите, актуелниот недостиг на составни делови и војната во Украина. Се очекува дека Samsung ќе го прилагоди своето производство за сите ценовни групи уреди – од најевтините до флегшип моделите.

Samsung првично планираше да произведе 310 милиони мобилни уреди годинава, но развојот на ситуацијата го присили јужнокорејскиот технолошки гигант да го намали производството на 280 милиони уреди.

- Advertisement -

И покрај рекордните приходи во текот на првиот квартал и 73,7 милиони продадени мобилни уреди ширум светот, Samsung мора да се прилагоди. Другите големи играчи како Apple исто така го намалуваат производството. Се очекува дека компанијата од Купертино ќе произведе 20% помалку примероци од моделот iPhone SE.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -