Instagram воведе многу битна алатка која ќе помага во пронаоѓањето на киднапираните деца. Станува збор за алатката наречена Amber Alerts. која веќе има одобрение од полицијата и се емитува преку ТВ, текстуални пораки и други средства. Сега Instagram ќе ја пласира Amber Alerts во листата со вести кај корисниците.
Најпрвин алатката ќе биде достапна во САД, а подоцна и во 25 други земји. Овој потег на Instagram покажува колку сличните апликации станаа основна инфраструктура за комуникација во модерниот свет.
Додавањето на Amber Alertѕ во Instagram има смисла од некоолку причини. Прво, младите генерации би можеле да ги игнорираат текстуалните пораки, но дефинитивно ќе ги прегледуваат своите вести на Instagram и тоа редовно.Понатаму, текстуалните известувања значат дека мора да се кликне на некој линкмза да се добијат повеќе информации и фотографии за исчезнато дете, а Instagram тоа го нуди директно. Изгледа дека новините за тоа нема да бидат пласирани како известувања, туку ќе се појавуваат во стандардната листа со вести.
Facebook претходно го додаде Amber Alerts во News Feed во 2015 година, а ако некои корисници никогаш не ја виделе таа опција, тоа само покажува колку биле ретки таквите известувања, а и властите се многу строги кога станува збор за контекстот за пласирање такви информации.
Од Instagram соопштија дека ако некој корисники добие некоја таква вест, тоа значи дека во неговата околина некој врши активна потрага по исчезнати деца. Amber Alerts ќе биде достапен во Аргентина, Австралија, Белгија, Бугарија, Канада, Еквадор, Грција, Гватемала, Ирска, Јамајка, Јужна Кореја, Литванија, Луксембург, Малезија, Малта, Мексико, Холандија, Романија, Јужна Африка, Тајван, Украина, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати и САД.
(Klix.ba)
(фото: Wikimedia)