Законодавците во Ѕујорк само што поднесоа предлог-закон за забранување одредени операции од рударењето биткоин кои притоа користат енергија добиена од извори базирани на јаглен. Овој предлог-закон сега оди на одобрување на гувернерката Кети Хочил, која може или да го претвори во закон или да стави вето на него.
ако го поддржи, Њујорк ќе стане првата држава во САД која ќе ја забрани технолошката инфраструктура потребна за блокчеин.Според инсајдерски информации, ова може да има домино ефект низ цела САД, која моментално е на чело на индустријата за рударење биткоин и оттаму доаѓаат 38% од „рударите“ на биткоин.
Според предлог-законот, ќе се стави двегодишен мораториум на одредени операции за рударење криптовалути. Рударењето биткоин и други валути троши огромна количина енергија. Етереиум се префрла на процес кој троши помалку енергија, но целосниот трансфер нема да се случи уште неколку месеци.
Законодавците кои го поддржуваат предлог-законот велат дека бараат начини државата да го намали својот карбонски отпечаток така што ќе се преземаат мерки против сите кои трошат енергија добиена од електроцентрали кои согоруваат фосилни горива.
Ако законот помине, доколку во наредните две години компаниите за рударење криптовалути не трошат 100% обновлива енергија, нема да им се дозволи проширување на работата ниту ќе им се обновуваат дозволите за работа.
Нето-ефектот од сето тоа ќе биде ослабување на економијата на Њујорк така што бизнисите ќе бидат принудени да се преселат.
(CNBC)
(фото: Flickr)