Белите снежни врвови на Алпите забрзано позеленуваат

- Advertisement -

Позеленувањето е добро познат феномен на Арктикот, но досега не беше забележан во големи размери во планинските предели. Меѓутоа, со оглед на тоа дека половите и планините се загреваат побрзо од остатокот од светот, истражувачите се соменваа на слични последици.

Познатите врвови на Алпите пкриени со снег брзо белдеат и ги заменува зелена вегетација, а тој процес се вика позеленување. Се очекува дека тоа ќе ги забрза климатските промени.

- Advertisement -

Новото истражување, објавено во научното списание Science, се базира на 38 години сателитски снимки од целиот алпски планински предел во Европа.

„Искрено, бевме многу изненадени кога забелеавме толку голем тренд на позеленување“ вели главната авторка на студијата, Сабине Румф, која е еколог на Универзитетот Базел.

- Advertisement -

За својата анализа истражувачите испитале региони над 1.700 метри надморска височина, за да ги исклучат деловите кои се користат за земјоделство. Исто така, ги исклучиле и шумските предели и глечерите.

Според анализите, кои го покриваат периодот од 1984 до 2021 година, снежната покривка повеќе не била присутна на речиси 10% од проучуваниот регион. Румф вели дека сателитските снимки може само да го потврдат или да го негираат присуството на снег, но првиот ефект на загревањето е намалување на длабочината на снежната покривка, а тоа не може да се види од вселената.

- Advertisement -

Понатаму, истражувачите ја споредиле количината вегатација со аналиа на брановата должина за да го откријат присуството на хлорофил и откриле дека растот на билките на алпските врвови се зголемил во 77% од проучуваниот регион.

Позеленувањето се случува на три начини: билките почнуваат да растат во региони каде што претходно не биле присутни, растат повече и погусто поради поволните услови и на крајот, одредени врсти кои нормално растат на помала надморска висина сега преминуваат во повисоки региони.

Климатските промени ги поттикнуваат тие појави. Затоплувањето значи дека имаме подолги вегетациски периоди, имаме побенинги услови кои поттикнуваат раст на билки, така што билките можат да растат повеќе и побрзо. Колку повеќе се затоплува климата, повеќе врнежи паѓаат во форма на дожд, а не снег, додава Румф.

(Science Alert)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -