На Империјалниот колеџ во Лондон настана нов вид на дрон нaменет за движење под вода и летање, со единствена можност за застанување на каква било цврста површина. Овој дрон може да биде наманет за спасителите или другите служи каде што се трага по повредени, затоа што може да се прилагодува на различни услови.
Кога лета во воздух, перките на дронот се расклопени и создаваат максимален потисок. Во вода тоа не е потребно, па перките се склопуваат, односно се скратуваат, што му овозможува на дронот да плива под вода или на површината.
Освен двата начини на работа, на истиот дрон е додадена и посебна леплива површина инспирирана од еден вид на риби, па на таа површина може да се прицврсти за која било тврда површина. Тоа значи дека овој дрон може да се прикачи за каква било тврда површина, водена или сува.
Креаторите на овој дрон напишаа статија за списанието Science, каде што откриваат дека тествите покажале дека дронот може да премине од воздух во вода и обратно за само 0,35 секунди и притоа да ја направи потребната трансформација.
Оваа технологија е во фаза на концепт, но е доказ дека иднината на автономните летала, односно пловните возила може да биде заедничка, односно дека обичните квадкоптери со неколку прилагодувања може да почнат да ја врпат својата задача и во други средини озвен воздухот.
(Bug.hr)
(фото: Pikrepo)