Државите членки на ЕУ постигнаа договор за воведување единствен полнач за мобилни телефони, таблети и камери, на што производителите на телефони и таблети ќе мора да се прилагодат до 2024 година.
Планот кој беше претставен од порано беше одобрен денес, а според проценките на Европската комисија, потрошувачите на овој начин ќе заштедат околу 250 милиони долари на годишно ниво.
“Производителите на телефони и таблети ќе мора се прилагодат на овие правила до есента 2024 година. Производителите на лаптопи ќе имаат повеќе време за промени, односно 40 месеци после стапувањето на сила на новите правила” пишува Bloomberg.
Комесарот за внатрешни пазари на Европската комисија, Тиери Бретон, изјави дека европските потрошувачи ќе можат да користат еден полнач засега преносна електроника, а тоа е битен чекор за намалување на електронскиот отпад.
Новиот план значи дека компаниите како Apple ќе бидат принудени своите уреди да ги прилагодат на т.н. USB-C конектори, кои ги користат Android уредите.